| четврток, 6 декември 2018 |

БДП пораснал за 4,3 отсто во второто тромесечие

bdp(2)(1)

Бруто-домашниот производ бележи пораст од 4,3 отсто во второто трoмесечие во однос на истиот период лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во првото тримесечје годинава стапката на раст на БДП е 3,9 отсто.

Статистика денеска ја промовираше и активноста по повод ревизијата на годишните податоци од националните сметки од 2000 до 2012 година која што е дел од иплементацијата на новата методологија со Европскиот Статистички систем ЕСС 2010. Овие активности беа најавени од заводот во Февруари оваа година.

Ревизијата на Годишните податоци од 2000 до 2012 година вклучувала методологија базирана на нови и подобрени извори како што се исцрпни податоци од Управата за јавни приходи, Монетарниот фонд и административни податоци и податоци од статистички истражувања на ДЗС.

– Главните елементи на ревизијата беа делот од трошоците кои се трансферирани во средствата на вработените, подобрени сметки на неопфатената економија и нова пресметка на амортизација со метод на инвентарисување – рече раководителката на секторот за национални сметки, Верка Панова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top