| четврток, 6 декември 2018 |

Легендарниот Крис Менџис е првиот гостин што пристигна во Битола на „Браќа Манаки“

unnamed

Во Битола пристигна еден од најголемите директори на фотографија, Крис Менџис. Британецот дојде со сопругата Џудит Ан Менџис и ќе бидат гости на фестивалот до среда во утринските часови. Во „Епинал“ беше пречекан од претставници на фестивалот. Менџис пристигна во Битола за да ја прими наградата „Златната камера 300“ за животно дело на фестивалот „Браќа Манаки“ а во вторник од 13.30 часот во малата сала на Центарот за култура ќе одржи мастер час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top