
Тројцата оскаровци актерката Жулиет Бинош и кинематограферите Лука Бигаци и Крис Менџис, немаат посебни барања и посакаа во раните утрински часови да ја прошетаат, погледнат и запознаат Битола, изјави Лабина Митевска, директорка на Меѓународниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“.
– Мислам дека годинава имаме најдобра фестивалска програма – додаде таа на денешната прес конференција во Битола.
Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, денеска соопшти дека Општината е максимално подготвена да ги пречека сите гости кои за време на фестивалот ќе дојдат во Битола. И оваа година, побарувачката за влезници за филмските проекции на отворањето и за втората фестивалска вечер е огромна.
– Фестивалот се движи по нагорна линија и затоа постои голем интерес за највредното културно случување во Република Македонија. Имаме капацитет да бидеме добри домаќини, вклучени се сите локални јавни претпријатија и сме мобилизирани. Во Битола се случува празник. Филмскиот израз е универзален и тој овозможува да бидеме интересни и привлечни за гости од различни меридијани на светот – изјави Талески.
Фестивалот „Браќа Манаки“ почнува утревечер и ќе трае до 19 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал
-
Заврши 39.ИФФК „Браќа Манаки“: Златна камера 300 за кинематографер Кјонг Пјо Хонг
-
Франк Ван Ден Иден кинематограферот од филмот „Девојка“ претставен на „Браќа Манаки“
-
Фестивалските гости на „Браќа Манаки“ го посетија гробот на Милтон Манаки


