Секогаш кога имало значајни настани и избори во државата „Сорос“ драматично го зголемувал буџетот на трошење.
Во 1994 година во Република Македонија имаше парламентарни избори на кои СДСМ однесе убедлива победа. Истата година „Сорос“ располагал со буџет од 12 милиони долари, неколкукратно поголем од претходната година. Таа година извршен директор бил Владимир Милчин, а програмски советник Ким Мемети.
Во годината кога македонската економија доживуваше крах и кога работници беа отпуштани, „Сорос“ на конференции и патувања потрошил 203.808 долари, а за финансирање активности на цивилното општество прелу 100 илјади долари. Таа година за финансирање медиум биле потрошени 2 милиони 165 илјади долари. Опрема и пари се делеле на телевизијата А1, „Канал 77“, тогаш државната „Нова Македонија“.
Во 2002 година кога СДСМ победи, буџетот на „Сорос“ повторно е повисок од претходната година. Таа година „Сорос“ има за 3 милиони долари повеќе од претходната и тој изнесувал 7 милиони 305 илјади долари. Огромна сума од овие пари одат за финансирање медиум. Пари добивале национални телевизии, радија, локални телевизии и локални радија. Пари добивале и огромен број грантисти и стипендисти. Меѓу нив се Ѓунер Исмаил, а тука може да се забележи и Сашо Ордановски.
Огромна сума пари „Сорос“ поделил и во 2004 година – 7.305.637 долари. Оваа година немаше парламентарни избори, но имаше неуспешен референдум кој беше организиран против тероторијалната децентрализација во кој СДСМ активно се вклучи за да не успее референдумот и да се спроведе децентрализацијата која беше договорена. Тогаш СДСМ одеше со слоганот „некои прашања не заслужуваат одговор“, а „Сорос“ организираше трибини низ цела Македонија со намера за минирање на самиот референдум. Сето тоа било платено од страна на ова фондација.
Во извештаите може да се види дека „Сорос“ за сите години од своето функционирање потрошил 92 милиони евра во Македонија, од кои државата не видела ќар, а пари добивале многу познати личности и тие биле плаќани или лично или во организациите во кои членувале.
Па, така се споменуваат имињата на Бранко Геровски, Фросина Ременски од СДСМ, Ѓунер Исмаил, Никола Гелевски, Ацо Кабранов, Сашо Ордановски, Маргарита Цаца Николовска и десетици други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


