| четврток, 6 декември 2018 |

Меси: Уморен сум од критики

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси е уморен од критиките кои пристигнуваат на негово име по завршувањето на СП, рече денеска првиот човек на националниот сојуз на земјата Хулио Грондон.

– Вистина е дека Лео е уморен од критичарите и работите што ги зборуваат – изјави Грондон.

Аргентинските медиуми пренесоа дека Меси би можел да се повлече од репрезентацијата, но Грондон изјави дека тој ќе ги ограничи бројот на настапи во националниот тим, бидејќи Барселона инсистира на тоа.

– Прашање на време е кога ќе се врати. Лео мора да биде одморен за да придонесе за репрезентацијата – вели Грондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top