| четврток, 6 декември 2018 |

Ветерот против фризурата на Кира Најтли (фото)

Една од најпопуларните британски актерки Кира Најтли одлично се снајде кога силниот ветер ѝ ја расипа фризурата на Филмскиот фестивал во Торонто.

Тоа ќе беше уште едно беспрекорно издание на слабичката Британка, доколку силниот ветер во Торонто не си ја завршеше својата работа. Имено, актерката гордо прошета со својот елегантен фустан на црвениот тепих, во склоп на својот нов филм.

Но, Кира покажа дека знае вистински да се забавува. Таа не очајуваше и не побегна од фотографот. Харизматичната актерка со широка насмевка продолжи да позира додека ветерот си играше со косата и со фустанот.

3friz.jpg500 2friz.jpg500 friz.jpg500

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top