Британската актерка Кира Најтли (29) и нејзиниот сопруг Џејмс Рајтон го очекуваат првото бебе. Таа е во третиот месец од бременоста.
Во средата Најтли ја доби награда за најдобра актерка и номинација за „Златен глобус“ за споредна улога.
Кира Кристина Најтли е родена на 26 март 1985 година. Почнала со актерство уште како девојче, а стана славна откако се појави во трилогијата „Пиратите од Карибите“. Потоа настапи во неколку холивудски филмови. Во 2005 година е номинирана за „Оскар“ во категоријата најдобра женска улога во филмот „Гордост и предрасуди“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.