Двајца малолетни деликвенти, кои биле пуштени за викенд од воспитно-поправниот дом во Тетово, нападнале и ограбиле постар штипјанец, а потоа истото му го направиле и на таксист, додека полицијата не ги уапсила.
Завчера околу 17 часот, јави МВР, Л.А (66) во подрумскиот дел од колективна станбена зграда, лоцирана на улица Ванчо Прке„ во Штип, бил физички нападнат од две непознати лици на начин што бил удрен со тупаница во пределот на лицето од кој удар оштетениот паднал на подот, по што напаѓачите насилно од левата рака му одзеле златен прстен и 800 денари од џеб. Од ударите Л.А се здобил со телесни повреди констатирани во Клинички центар во Штип.
Поради постоење на основи на сомнение дека се сторители на наведеното кривично дело во СВР Штип обавен е разговор со малолетниците А.М(17) и Л.А(16) од Штип, штитеници на ВПД-Тетово, кои биле пуштени на користење на викенд, кај кои прстенот и дел од парите се пронајдени и вратени на оштетениот. По целосно расчистување и документирање на случајот против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Истиот дена, околу 20 часот, И.К.(51) од Штип додека со неговото такси возило марка „Голф“ со штипски регистарски таблици чекал патници, му пришле четири непознати лица,при што едно од лицата насилно влегло во такси возилото и од истото противправно одзело 400 денари. По добиената пријава од страна на СВР Штип веднаш се превземени мерки и активности, по што поради постоење на основи на сомнение во СВР-Штип обавен е разговор со Л.А(16), штитеник на ВПД Тетово. По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Штип против Л.А (16) ќе поднесе соодветен поднесок.
Поради постоење на основи на сомнение дека се сторители на наведените кривични дела во СВР Штип обавен е разговор со малолетниците А.М(17) и Л.А(16) од Штип, штитеници на ВПД-Тетово, кои биле пуштени на користење на викенд, кај кои прстенот и дел од парите се пронајдени и вратени на оштетениот. По целосно расчистување и документирање на случајот против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.