| четврток, 6 декември 2018 |

Родителите не смеат да им даваат име Меси на своите деца

Властите на аргентинскиот град Росарио, родното место на најдобриот светски фудбалер Лионел Меси, им забранија на родителите да им даваат име на своите деца по презимето на славниот играч.

Директорот на матичната канцеларија во Росарио, Гонзало Карило, рече дека забраната е воведена за да не дојде до конфузија. Родителите не можат да дадат име на дете по презимето за да не дојде до забуна, рече Карило иако во Аргентина не постои закон со кој се изрекува забрана на давање имиња на новородени деца по презимињата.

Едно бебе во провицијата Рио Негро во Аргентина доби име Меси, а таткото на детето, Хектор Варела, барал дозвола од тамошните власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top