| четврток, 6 декември 2018 |

Оскар Писториус немал намера да ја убие девојката

Oscar-PistoriusЈужноафриканскиот атлетичар,Оскар Писториус не ја убил својата девојка, намерно и со умисла,заклучи судијата Токозила Масипа на крајот од првиот ден од завршувањето на судскиот процес,на кој треба да се донесе пресудата.

Писториус,сепак, и понатаму се соочува со можноста да биде осуден за ненамерно убиство,за кое може да му биде определена затворска казна. Судијата Масипа, првично,требаше денеска да ја соопшти пресудата,но завршувањето на процесот што почна во март оваа година, таа го одложи за утре.

Во својата елаборација на доказите што ги понудија обвинителството и одбраната,судијата ја отфрли тезата на одбраната дека нема кривична одговорност во реакцијата на Писториус,тврдејќи дека самиот чин на пукање од огнено оружје, е противправно однесување.

Таа,од друга страна,заклучи дека јужноафриканското обвинителство нема понудено никаков доказ за постоење намера кај обвинетиот да ја убие девојката,па според тоа,тој не може да биде осуден и казнет со најтешката казна. Според судијата Масипа,обвинетиот Писториус во инцидентот,во неговата куќа во кој смртно настрада неговата девојка Рева Стенкамп,меѓутоа,дејствувал „непомислено и невнимателно“ кога поверувал дека во бањата има сокриен провалник.

– Една одговорна личност,не би реагирала на тој начин и не би пукала, рече судијата,пред да го заврши денешното елаборирање на понудените докази во процесот и на исказите на сведоците.

Познатиот спортист од Јужна Африка,првиот атлетичар кој на последните Олимписки Игри во Лондон,пред две години,трчаше во една иста дисциплина на Олимпијадата и на Параолимписките игри,ги отфрла обвинувањата дека ја убил својата девојка,во својата вила во Преторија,откако тие двајцата се вратиле од прославата на празникот Свети Валентин.

Писториус веднаш по трагичниот инцидент,во февруари 2013 година и во текот на судењето, тврдеше дека убиството се случило по грешка.Тој мислел дека во бањата се крие провалник,па незнаејќи дека таму е неговата девојка,испукал во вратата четири куршуми од својот пиштол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top