Кина има желба со железнички сообраќај да ги поврзе Будимпешта, Белград и Атина. Во целата приказна разговори ќе се водат и со Македонија, најави спркиот премиер Александар Вучиќ.
“Презедов обврска да разговарам со премиерите Андонис Самарас и Никола Груевски во наредните десет дена. Тоа ќе го сторам за да можеме да се подготвиме за дочекот и разговорите со премиерот Ли“, изјави Вучиќ.
Српските медиуми пишуваат дека Србија планира да ја обнови пругата во должина од 400 километри, која го поврзува Белград со Будумпешта, според најавите по оваа пруга возовите ќе се движат со 160 километри на час, а од Белград до Будимпешта ќе се стигнува за три часа. Договорот за изградбата на пругата треба да биде потпишан до крајот на годинава меѓу Србија Кина и Унгарија, а изградбата би требало да започне идната пролет и да биде завршена за три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.