| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Чичарито го заслужи прекарот „лавовско срце“

Мексиканскиот фудбалски ас Хавиер Ернандес Чичарито го заслужи прекарот „лавовско срце“ со извонредниот гест за време на мундијалот во Бразил, што се одигра летово.

Неодамна новиот играч на Реал Мадрид беше гостин на едно популарно ТВ-шоу на кое беше прикажана видеоснимка за која малкумина знаеја, а воодушеви огромен број луѓе. Чичарито, излегувајќи од автобусот што ги превезуваше репрезентативците на Мексико, единствен застана да поразговара со 16-годишната Џесика Санчес, девојка што е хендикепирана и не може да се движи. Чичарито со гестот ја расплака девојката што допатува од Шарлот во Бразил за да ги следи натпреварите на своите миленици од родното Мексико.

Таа низ солзи евдај проговори дека токму Чичарито ѝ е омилен играч, а токму тој ѝ го разубави денот со прекрасен гест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top