| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка ја претепала малолетната ќерка оти одбила да се мажи

tepana zena

Жена од кумановското ја претепала својата малолетна ќерка затоа што одбила да се мажи за 25-годишник од село Бојане, а несудениот младоженец се обидел сосила да го задржи девојчето.

Полицијата јави дека СВР Куманово поднеле кривична пријава против Р.А.(43) од село Виштица за кривично дело запуштање и малтретирање на малолетно лице и против М.А.(25) од село Бојане за противправно лишување од слобода.

Во текот на декември 2012 година, Р.А. се договорила со М.А. да му ја даде за жена неговата ќерка Р.А.(17), по што на 25-ти февруари годинава, ја однела во неговиот дом, каде се задржале околу девет часа, убедувајќи го девојчето да се согласи да стапи во брак со М.А. На враќање кон село Виштица,  Р.А. физички ја малтретирала удирајќи ја по лицето, бидејќи не се согласувала за бракот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top