Oд 24 до 28 септември на плоштадот „Карпошово востание“ ќе се одржи осмиот по ред фестивал на виното, а годинава на „Виноскоп“ ќе настапуваат во најголем дел македонски музичари.
Браќата Тавитијан и проектот Македонското срце чука во 7/8 со изненадување-специјален гостин; Хроматик поинт – Етно Метал бенд чие време допрва доаѓа; секогаш позитивната рокерка Дани Димитровска; Ххл- млад и перспективен рок бенд од Тетово; мајсторот на ноќните свирки- Бени Шакири и Нон Стоп; Тоа е тоа – бенд составен од музички имиња од легендарните Конкорд, Лева Патика, Цилиндар;
Битолчаните Фолтин со универзалната музичка експертиза; ска панк бендот Офчестра од Приштина; Само Тони и Две Жени – лудо кабаре шоу – кавер и комедија; по пауза од скоро една деценија концерт на македонскиот срце кршач- Дарио; еден од доајените на македонската народна песна – Миле Кузмановски; Клевала македонски етно џез бенд; Митан проџект – обновена македонска народна музика со Андријана Јаневска и многу други македонски музички генијалци; двократните победници на Гуча, Србија – Уска Кан оркестра-прогласени за најдобар меѓународен оркестар за 2014; Маријан Мониќ – млада ѕвезда oд хрватската естрада пратен од гитаристот Кристијан Ковач;
Куку Леле; младата сензација – Бета Хаус; Благица Павловска – легендарната македонска фолк-дива; актерот Тони Михајловски и Скандал Састаф; како и диџеј Тина – тематски целодневни забави; Чалгии и др.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


