| четврток, 6 декември 2018 |

Чекајќи го Филе

Пре­пи­ша­ни се че­ти­ри стол­ба од из­бор­на­та про­гра­ма. Опо­зи­ци­ја­та во ве­ќе кон­стант­ни­от и кла­си­чен не­до­стиг од идеи, по­втор­но на­ста­пи со де­жа ви. „Но­ва­та“ стра­те­ги­ја ни од­да­ле­ку не е тол­ку но­ва, ту­ку е бу­квал­но пре­пи­ша­на од нив­на­та пре­диз­бор­на про­гра­ма, од ка­де што се и че­ти­ри­те стра­те­ги­ски стол­ба, на­стра­на што е до­ка­жа­но гу­бит­нич­ка на из­бо­ри­те. По де­бак­лот со Ма­ке­дон­ска бан­ка и не­среќ­ни­от исказ на нив­ни­от све­док, Газ­да Ни­ни, по што сле­ду­ва­ше це­лос­но тра­ги­ко­мич­но ре­те­ри­ра­ње и на За­ев, кој на­ед­наш „сфа­ти“ де­ка са­мо пра­шу­вал, а не об­ви­ну­вал, се­га вни­ма­ни­е­то на Би­ха­ќка се на­со­чи кон Бри­сел и пос­лед­на­та ра­бот­на за­да­ча на Фи­ле, ка­ко пос­ле­ден воз и шан­са за нив. Ако е не­га­ти­вен, од­лич­но, ако не е, ќе тре­ба пак да се пре­пи­шу­ва...

Ре­сав­ска­та шко­ла зав­ла­деа на Би­ха­ќка. По шест ве­ко­ви па­у­за, пре­пи­шу­ва­ње­то по­втор­но ста­на ос­нов­на деј­ност, овој пат во опо­зи­ци­ски­те кру­го­ви. Не­сом­не­но е вли­ја­ни­е­то на оваа шко­ла во 15 век и врз Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко и врз со­сед­ни­те зем­ји. За не­го збо­ру­ва ква­ли­те­тот на пре­пи­си­те од шко­ла­та, ко­ја би­ла и ме­ри­ло за ва­ква деј­ност сѐ до 18 век, од­нос це­ли три ве­ка по неј­зи­но­то гас­не­ње. Ви­стин­ско­то пра­ша­ње е кој се­га на скоп­ска­та улич­ка, по ше­сто­ти­ни го­ди­ни, ја има уло­га­та на Кон­стан­тин Фи­ло­зоф, нај­из­ви­ка­ни­от прет­став­ник на Ре­сав­ска­та шко­ла. Да­ли е ли­де­рот или, по­ве­ро­јат­но, не­кој од со­вет­ни­ци­те, но кој и да е – уло­га­та му е прем­но­гу ре­тро.

На не­кол­ку па­ти се по­ка­жа не­при­кос­но­ве­на­та ре­сав­ска ве­шти­на на опо­зи­ци­ја­та. На­јин­ди­ка­ти­вен и за­бе­леж­лив бе­ше при­ме­рот ко­га ли­де­рот од збор до збор ја по­вто­ри лан­ска­та по­ра­ка за Илин­ден, а се­га пом­пез­но соз­да­де и пре­зен­ти­ра­ше „но­ва“ стра­те­ги­ја за дејс­тву­ва­ње, ба­зи­ра­на на ста­ри­те че­ти­ри стол­ба од из­бор­на­та про­гра­ма. Поз­на­то е де­ка ти­мот што по­бе­ду­ва не се ме­ну­ва, ло­гич­но е исто­то да ва­жи и за про­гра­ма­та или за стра­те­ги­ја­та. Но ко­га збо­ру­ва­ме за исти­те тие стол­бо­ви врз ос­но­ва на кои СДСМ и са­те­лит­ски­те пар­тии за­гу­би­ја со око­лу 200.000 гла­со­ви раз­ли­ка, нив­на­та по­втор­на упо­тре­ба не мо­же да се опи­ше ни­ка­ко по­и­на­ку освен ка­ко мрз­ли­вост или без­и­деј­ност. Од дру­га стра­на, пак, не го сме­ни­ја ни­ту ти­мот што им го до­не­се ка­та­стро­фал­ни­от по­раз. Наб­љу­ду­ва­чи­те од стра­на би рек­ле – вре­ме е не­кој на скоп­ска­та улич­ка се­ри­оз­но да се фа­ти за ра­бо­та, до­ста бле­фи­раа…

 

Ре­те­ри­ра­ње­то ста­на бе­лег на ли­де­ри­те на СДСМ

Во ме­ѓу­вре­ме, по не­кол­ку­те ре­сав­ски откро­ве­ни­ја, прем­но­гу иден­тич­ни за да по­ми­нат не­за­бе­ле­жа­но во јав­но­ста, се слу­чи уште ед­но по­вто­ру­ва­ње во дејс­тву­ва­ње­то на опо­зи­ци­ја­та. Овој пат, тоа не бе­ше пре­пи­шан текст, ту­ку ма­нир и на­чин на дејс­тву­ва­ње, кој, очиг­лед­но, е дел од фо­то­ро­бо­тот на ра­ко­вод­ни­от ка­дар на СДСМ. Ре­пе­ти­ци­ја­та на ве­ќе сто­ре­но­то сво­ја­та пре­ми­е­ра ја до­жи­веа на суд, са­мо еден ден по де­бак­лот со нив­ни­от све­док Газ­да Ни­ни, за кој по­доб­ни­те пер­а вед­наш удри­ја во кон­тра­о­фан­зи­ва и му нај­доа мно­гу ма­ни, ме­ѓу дру­го­то и де­ка на Ве­лиг­ден бил фа­тен ка­ко се „кр­ши“ со др­ве­но јај­це. Сле­ду­ва­ше изб­ли­кот на ли­де­рот, кој вчу­до­ви­ди мно­гу­ми­на, бла­го ка­жа­но за це­ла­та ма­ке­дон­ска јав­ност, иа­ко и ди­јас­по­ра­та не оста­на иму­на на дра­стич­но­то ли­дер­ско ре­те­ри­ра­ње.

Но си­те за­бо­ра­ви­ја де­ка пов­ле­ку­ва­ње­то од ка­жа­но­то е дел од по­сто­е­ње­то и од ве­шти­на­та на ли­де­ри­те од овој дел на Би­ха­ќка. Ос­но­во­по­лож­ни­кот на овој чин е, кој друг, ако на па­па­та, лич­ни­от по­ли­тич­ки гу­ру и идол на акту­ел­ни­от сопс­тве­ник на тро­нот, или чу­вар?

Ток­му Цр­вен­ков­ски ги по­ста­ви стан­дар­ди­те на ва­кво­то од­не­су­ва­ње на чел­ни­кот. Пр­во со на­ста­ни­те од 24 де­кем­ври, ко­га ве­ти де­ка – не­ма мр­да­ње од пред Со­бра­ни­е­то, за по два ча­са да си за­ми­нат. Да, бе­ше зи­ма и сту­де­но… Сле­ду­ваа про­те­сти, кои тра­е­ја не­среќ­ни и не­ве­ро­јат­ни два де­на, за да би­дат „прин­ци­пи­ел­но“ при­вре­ме­но пре­ки­на­ти од исти­от ли­дер, кој ги уки­на по­ра­ди но­во­го­диш­ни­те праз­ни­ци, во исто вре­ме ко­га, спо­ред нив, „га­зе­ше ре­жи­мот и се уби­ва­ше ма­ке­дон­ска­та де­мо­кра­ти­ја“. Нај­дра­стич­ни­от при­мер на ре­те­ри­ра­ње дој­де на 1 март 2013 го­ди­на, ко­га за са­мо два ча­са убе­ду­ва­ње на „че­шки­от бул­до­жер“ и пр­ве­нец на МГИМО, Фи­ле, Цр­вен­ков­ски пре­ки­не со бој­ко­тот на пар­ла­мен­тот и се вра­ти на из­бо­ри.

Пре­сто­ло­нас­лед­ни­кот, очиг­лед­но, са­мо го сле­де­ше свет­ли­от при­мер на сво­јот идол, па за­тоа и ка­жа­но­то во суд­ски­те одаи, по пр­вич­на­та за­чу­де­ност од ка­жа­но­то, по кра­тка и ма­ла па­у­за не на­и­де на по­го­ле­ма вчу­до­ви­де­ност кај гра­ѓа­ни­те, кои ве­ќе се на­вик­на­ти на ва­кви де­ла, па са­мо ги по­диг­наа ра­ме­ни­ци­те и воз­див­наа. А тој јас­но и глас­но и без срам и пер­де си ка­жа де­ка не об­ви­ну­вал ни­ко­го, ту­ку са­мо пра­шу­вал?!

 

Analiza105-3

Пос­лед­на­та ра­бо­та на Фи­ле ка­ко пос­ле­ден воз за СДСМ?!

Опас­но се про­рет­чи­ја и мож­ни­те сце­на­ри­ја­та за опо­зи­ци­ско дејс­тву­ва­ње, чи­ја­што крај­на и ко­неч­на цел е вра­ќа­ње­то на власт. Одам­на е јас­но де­ка на­сил­но­то вра­ќа­ње е не­што за што опо­зи­ци­ја­та не­ма ка­па­ци­тет. За тоа е по­тре­бен на­род, кој ќе ги пос­лу­ша и ќе трг­не по нив­ни­те ла­мен­та­ции за бо­же­мен ре­жим и бор­ба за сло­бо­да. До­каз за не­до­сти­гот од овој клу­чен фа­ктор не се са­мо из­бо­ри­те. Нај­до­бар при­мер беа „от­пор­нич­ки­те“ про­те­сти во 2012-2013 го­ди­на, кои би­деј­ќи не мо­же­ше да се со­бе­ре до­вол­но на­род, пре­ми­наа во про­те­сти со авто­мо­би­ли. Дру­га­та оп­ци­ја или скри­е­но­то сце­на­рио за нив­но три­ум­фал­но вра­ќа­ње ја нај­а­ви са­ми­от За­ев, кој ми­сте­ри­оз­но пре­до­чи де­ка има­ат адут во ра­ка­вот, убис­твен за ВМРО-ДПМНЕ, но исто­вре­ме­но и за Ма­ке­до­ни­ја. На­деж­та на си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни за та­инс­тве­ни­от „крип­то­нит“ на СДСМ е де­ка не се ра­бо­ти за исто­то средс­тво од 2001 го­ди­на, кое им ја обез­бе­ди вла­ста ве­ќе след­на­та, 2002 го­ди­на. За­сег­на­ти­те, пак, ба­рем на Би­ха­ќка, искре­но се на­де­ва­ат де­ка и овој „крип­то­нит“ За­ев не го до­бил од Ден Дон­чев…

Тре­та­та и мош­не ве­ро­јат­на оп­ци­ја и сце­на­рио што по­ве­ќе ли­чи на „Трам­ва­јот на­ре­чен жел­ба“ е ме­ѓу­на­род­на­та ин­тер­вен­ци­ја, т.е. „брат­ска“ по­мош на за­гри­же­ни­те моќ­ни др­жа­ви, кои пре­ку ред че­ко­ри и афе­ри за де­ле­ги­ти­ми­ра­ње на акту­ел­на­та власт, би им овоз­мо­жи­ле фу­ри­оз­но вра­ќа­ње во сти­лот на спа­си­те­ли на др­жа­ва­та, тол­ку по­са­ку­ва­на­та и увеж­бу­ва­на уло­га на ра­ко­водс­тво­то од скоп­ска­та улич­ка, ко­ја сѐ уште жи­вее во при­ка­ска­та де­ка „не­кои пра­ша­ња не зас­лу­жу­ва­ат од­го­вор“. Проб­ле­мот е што и за нив тие не­ма­ат не­што кон­крет­но за да по­ну­дат, или, мо­же­би, и има­ат?

Во овој кон­текст, оче­ку­ва­ња­та на СДСМ се на­со­че­ни и кон октом­ври­ски­от из­ве­штај на ЕК за на­пре­до­кот на Ма­ке­до­ни­ја. На­де­жи­те на вр­ху­шка­та и на тие око­лу нив се де­ка евро­ко­ме­са­рот за про­ши­ру­ва­ње ќе из­ле­зе и ќе да­де не­га­ти­вен из­ве­штај, кој би про­из­ле­гол, од ни­што дру­го, ту­ку ток­му од нив­ни­те че­ко­ри – не­приз­на­ва­ње­то на ре­зул­та­ти­те на из­бо­ри­те, бој­ко­тот на пар­ла­мен­тот и фин­ги­ра­ње­то на по­ли­тич­ка кри­за во др­жа­ва­та, ко­ја, бу­квал­но, се на­вик­на на ва­кво­то од­не­су­ва­ње на опо­зи­ци­ја­та.

Из­ве­шта­јот за на­пре­до­кот на зем­ји­те-кан­ди­да­ти, ме­ѓу кои и Ма­ке­до­ни­ја, ќе би­де дел од пос­лед­ни­те актив­но­сти на Фи­ле, откри­ва за „Ре­пуб­ли­ка“ не­го­ви­от порт­па­рол Пе­тер Ста­но. Спо­ред глас­но­го­вор­ни­кот на евро­ко­ме­са­рот, не­го­ви­от ман­дат офи­ци­јал­но за­вр­шу­ва на 31 октом­ври, а Фи­ле, де­фи­ни­тив­но, ќе би­де тој што ќе го пре­зен­ти­ра из­ве­шта­јот на ЕК за на­пре­до­кот на РМ. Од ка­жа­но­то мно­гу ќе за­ви­си и дејс­тву­ва­ње­то на опо­зи­ци­ја­та, ко­ја „со ду­ша“ че­ка др­жа­ва­та да ја за­гу­би пре­по­ра­ка­та, иа­ко и пет­те прет­ход­ни не ѝ до­не­соа не­што на Ма­ке­до­ни­ја.

Се­пак, за ина­ет на жел­би­те на СДСМ или, по­ве­ро­јат­но, по­ра­ди пог­ло­бал­ни при­чи­ни, се по­ја­ви еден проб­лем, кој се ви­ка Укра­и­на. Ток­му во кон­тек­стот на оваа свет­ска кри­за и но­ва­та „сту­де­на вој­на“, за ко­ја мно­гу­ми­на се на­де­ва­ат де­ка ќе оста­не са­мо сту­де­на, бе­ше и бер­лин­ска­та ини­ци­ја­ти­ва на Гер­ма­ни­ја, ко­ја го при­бра За­пад­ни­от Бал­кан под свое и од сред­ба пре­ми­на во че­ти­ри­го­ди­шен про­цес, за, не дај Бо­же, да не за­стра­ни кон Ру­си­ја. Чи­нот на Ан­ге­ла Мер­кел дој­де по ка­жа­но­то на Жан-Клод Јун­кер де­ка след­ни­те пет го­ди­ни не­ма про­ши­ру­ва­ње на ЕУ. Во ва­ква гло­бал­но-по­ли­тич­ка кон­сте­ла­ци­ја, по­стои ма­ла ве­ро­јат­ност де­ка Бри­сел и Европ­ска­та ко­ми­си­ја би се ос­ме­ли­ле да од­зе­мат пре­по­ра­ка, ко­ја, впро­чем, и не ја ре­а­ли­зи­раа во пре­го­во­ри по­ра­ди не­бу­лоз­ни­от проб­лем на Гр­ци­ја, кој, ме­ѓу дру­го­то, не е дел од Ко­пен­ха­шки­те кри­те­ри­у­ми. Што би рек­ле, на Би­ха­ќка не ѝ се по­го­ди со Укра­и­на… Се­пак, из­во­ри од вр­вот на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја не са­ка­ат да пре­ју­ди­ци­ра­ат и не ја отфр­ла­ат оваа мож­ност, кол­ку и да е не­ве­ро­јат­на. А СДСМ и на­та­му се кр­сти во Фи­ле, пр­ве­не­цот на мо­сков­ски­от уни­вер­зи­тет, кој е нај­поз­нат ба­сти­он и из­вор на ка­дри за КГБ…

До­ка­жа­ни­те вљу­бе­ни­ци во грч­ка­та дра­ма, осо­бе­но во ефе­ктот на по­са­ку­ва­на­та Де­ус екс ма­ки­на или Бож­ја­та ра­ка, кои исто­вре­ме­но сво­ја­та па­си­ја ја над­гра­ди­ја со те­а­та­рот на ап­сур­дот, во мо­мен­тов го сме­ни­ја нас­ло­вот на Бе­кет. И та­ка, опо­зи­ци­ја­та ве­ќе одам­на ја за­фа­ти по­вто­ру­ва­ње­то на бес­мис­ли­ци­те ка­ко бе­лег на ан­ти­дра­ма­та. Се­га, нај­по­са­ку­ва­но­то „че­ти­во“ на скоп­ска­та улич­ка е „Че­кај­ќи го Фи­ле“. Го­до ќе по­че­ка по­до­бри вре­ми­ња, или во кон­текст на опо­зи­ци­ски­от ап­сур­ден нап­лив, се че­ка на ли­де­рот со не­го­ви­от „крип­то­нит“, кој ќе дој­де де­нес, утре, а мо­же­би и вче­ра…

Уште ед­на стра­те­ги­ја пад­на во во­да. Се ви­ка 5.000 ти­мо­ви на те­рен, или 10.000 до 30.000 пар­тиј­ци што се­којд­нев­но ќе ги по­се­ту­ва­ат и со­ве­ту­ва­ат гра­ѓа­ни­те слу­шај­ќи ги на те­рен нив­ни­те проб­ле­ми, жел­би и пре­по­ра­ки. При­чи­на­та за про­па­ста на оваа иде­ја, ко­ја е дел од стол­бот, е што, спо­ред си­те поз­на­ва­чи на со­стој­би­те, за пар­ти­ја­та е не­воз­мож­но да нај­де и мо­ти­ви­ра тол­ку го­лем број лу­ѓе, кои, ме­ѓу дру­го­то, тре­ба да би­дат и не­вра­бо­те­ни за по цел ден да се со сво­и­те со­гра­ѓа­ни. Вто­ро­то, уште по­бит­но е што тие тре­ба да ра­бо­тат про бо­но или, во овој слу­чај, на прин­ци­пот на ве­ту­ва­ње за вра­бо­ту­ва­ње при до­а­ѓа­ње на власт. Нај­го­ле­ми­от проб­лем е што тол­кав број ра­бот­ни ме­ста за пар­тиј­ци е на­уч­на фан­та­сти­ка, не­што што го зна­ат и са­ми­те пар­ти­ски вој­ни­ци. За­тоа и ини­ци­ја­ти­ва­та, про­мо­ви­ра­на лич­но од За­ев, оста­на са­мо иде­ја и не­ма ни­ту абер од неј­зи­на ре­а­ли­за­ци­ја. Ше­го­биј­ци­те ќе ре­чат – мо­же­би по­втор­но ќе ре­те­ри­ра или мо­же­би – не­по­доб­ни­те ме­ди­у­ми из­мис­ли­ле 5.000 ти­ма, а тие би­ле 50… Или беа пет…

 

Analiza105-2

По­те­зи смис­ле­ни од де­нес за утре и не­до­стиг од кон­крет­на по­ну­да и про­гра­ма

СДСМ нај­а­ви „ра­бот­на есен“, со­ста­ве­на од т.н. че­ти­ри стол­ба и во­нин­сти­ту­ци­о­нал­но дејс­тву­ва­ње на пра­те­ни­ци­те и на сѐ уште са­мо нај­а­ве­ни­те 5.000 ти­ма на те­рен. Ги пра­шав­ме поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те кои се нив­ни­те оче­ку­ва­ња во од­нос на ре­зул­та­ти­те на овие нив­ни че­ко­ри и кои би би­ле мож­ни­те, дру­ги сце­на­ри­ја на пар­ти­ја­та за вра­ќа­ње на власт. Проф. д-р Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва – Јо­ва­нов­ска ве­ли де­ка, очиг­лед­но, пар­ти­ја­та не ги учи лек­ци­и­те, па и овој пат сво­ја­та стра­те­ги­ја ја пот­пи­ра врз гу­бит­нич­ки стол­бо­ви. По­ли­ти­ко­ло­гот Вла­ди­мир Бо­жи­нов­ски це­ни де­ка на опо­зи­ци­ја­та ѝ не­до­сти­га мно­гу, мно­гу ра­бо­та за да им да­де ви­стин­ска по­ну­да на гла­са­чи­те.

 

Tanja-Karakamiseva-analizaКаракамишева-Јовановска: За жал, СДСМ, си­те овие ре­чи­си осум го­ди­ни опо­зи­ци­о­нер­ско дејс­тву­ва­ње ни­ка­ко да фа­ти ви­стин­ски, пре­поз­нат­лив и до­би­тен пра­вец во по­ли­тич­ко­то дејс­тву­ва­ње. Ни­ка­ко да ѝ ус­пее да се прет­ста­ви ка­ко сил­на, се­ри­оз­на, ор­га­ни­зи­ра­на, кон­зи­стент­на опо­зи­ци­ска пар­ти­ја со сопс­тве­на, до­бит­на стра­те­ги­ја, ко­ја ќе би­де ус­пеш­на кон­ку­рен­ци­ја на до­бро­поз­на­та­та про­грам­ска стра­те­ги­ја на ВМРО-ДПМНЕ. Не­доз­во­ле­но дол­го трае про­це­сот на ре­ха­би­ли­та­ци­ја и на вна­треш­но кон­со­ли­ди­ра­ње на СДСМ. Се­кој обид за ви­стин­ски нов по­че­ток е, всуш­ност, или бле­да ко­пи­ја на тоа што ВМРО-ДПМНЕ го пра­ве­ше при сво­и­те пост­па­но­рам­ски по­че­то­ци, или ад хок смис­ле­ни по­ли­тич­ки по­те­зи од два-трој­ца, кои се чи­нат за­гу­бе­но во по­ли­тич­ки­от про­стор за­тоа што, ре­ал­но, не се дел од не­ка­ков ви­стин­ски ос­мис­лен, се­ри­о­зен и дол­го­ро­чен план на дејс­тву­ва­ње. Се до­би­ва впе­ча­ток де­ка нај­го­лем дел од че­ко­ри­те на СДСМ се смис­ле­ни од де­нес за де­нес. Ду­ри и са­ми­те не вло­жу­ва­ат енер­ги­ја за да ја при­кри­јат сопс­тве­на­та не­ор­га­ни­зи­ра­ност и раз­ног­ла­си­е­то, кое ка­ко ра­шти­му­ван ор­ке­стар се­којд­нев­но се чув­ству­ва на по­ли­тич­ка­та сце­на. Ве­ќе не мо­жам да ги из­бро­јам нај­а­ве­ни­те „ра­бот­ни есе­ни“ на СДСМ, кои до­жи­ве­а­ле ви­стин­ско фи­ја­ско ток­му по­ра­ди нив­на­та кон­фуз­ност и не­ор­га­ни­зи­ра­ност. Иа­ко СДСМ на­пра­ви одре­де­ни про­ме­ни во ка­дров­ска­та стру­кту­ра, на­пра­ви не­кол­ку про­ме­ни на пар­ти­ски­от ли­дер, се­пак тоа што ви­стин­ски не ус­пеа да го про­ме­ни, а по­ра­ди што оваа пар­ти­ја ги за­гу­би и ќе ги гу­би си­те на­ред­ни из­бо­ри, е што не­ма ви­стин­ска, 100-про­цент­на по­све­те­ност во ра­бо­та­та што ја ра­бо­ти, што се чув­ству­ва отсус­тво на ра­бот­на дис­цип­ли­на, отсус­тво на чув­ство за од­го­вор­ност кон тоа што се ра­бо­ти.

 

Ако по­ра­но, по­себ­но на са­ми­те по­че­то­ци од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на РМ ка­ко др­жа­ва, ве­ли Ка­ра­ка­ми­ше­ва – Јо­ва­нов­ска, мо­же­ше да по­ми­не и гра­ѓа­ни­те мо­жеа да про­стат не­ра­бо­та и по­ли­тич­ко па­ра­дерс­тво по­ра­ди отсус­тво на ви­стин­ска по­ли­тич­ка ви­зи­ја и про­гра­ма, де­нес тоа е за­вр­ше­на при­каз­на. Де­нес, наг­ла­су­ва таа, гра­ѓа­ни­те има­ат ви­со­ки оче­ку­ва­ња, има­ат по­ви­со­ки ба­ра­ња од по­ли­ти­ча­ри­те, ба­ра­ат де­ла, а не са­мо збо­ро­ви за не­ка­кви ак­ции што ни­ко­гаш не до­жи­ву­ва­ат по­зи­тив­на раз­вр­ска или не по­ка­жу­ва­ат по­зи­ти­вен ефект.

 

Tanja-Karakamiseva-analizaКаракамишева-Јовановска: Мис­лам де­ка и оваа „ра­бот­на есен, 2014 го­ди­на“ на СДСМ, спо­ред нај­а­ве­но­то и пре­зен­ти­ра­но­то од ли­де­рот, гос­по­ди­нот За­ев, не­ма да се раз­ли­ку­ва по ни­што од тоа што до­се­га го има­ме ви­де­но ка­ко пра­кти­ку­ва­ње на по­ли­ти­ка на СДСМ, од ед­но­став­на при­чи­на што бом­ба­стич­но нај­а­ве­на­та „стра­те­ги­ја“ за во­нин­сти­ту­ци­о­нал­но дејс­тву­ва­ње е да­ле­ку од тоа што ви­стин­ски зна­чи стра­те­ги­ја во пра­кти­ка (до­ку­мент со точ­но утвр­де­ни за­да­чи, кои тре­ба да се ре­а­ли­зи­ра­ат, со пре­циз­ни ро­ко­ви за нив­но ре­а­ли­зи­ра­ње, со кон­крет­ни об­вр­ски, итн.). Че­ти­ри­те стол­ба врз кои се зас­но­ва нај­а­ве­на­та „стра­те­ги­ја“ се пре­пи­ша­ни сло­га­ни од тоа што ка­ко „из­бор­на про­гра­ма“ СДСМ им го по­ну­ди на гра­ѓа­ни­те на пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, но и на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, во април 2014 го­ди­на, и на кои из­бо­ри опо­зи­ци­ја­та пред­во­де­на од СДСМ за­гу­би со по­ве­ќе од 200.000 гла­са раз­ли­ка од ко­а­ли­ци­ја­та пред­во­де­на од ВМРО-ДПМНЕ. Зна­чи, „но­ва­та стра­те­ги­ја“ СДСМ ја пот­пи­ра на гу­бит­нич­ки „стол­бо­ви“. Оваа сим­бо­ли­ка е до­во­лен по­ка­за­тел, но и ре­а­лен по­ка­за­тел де­ка во оваа пар­ти­ја ни­што не се ме­ну­ва, лек­ци­и­те по не знам кој пат не се на­у­че­ни. Ток­му за­тоа оваа нив­на „стра­те­ги­ја“ ја на­ре­ку­вам стра­те­ги­ја на по­ра­зот и на не­ус­пе­хот. Зо­што по­раз и не­ус­пех? За­тоа што бој­ко­тот ни­ко­гаш не бил ре­ше­ние за ни­што, не са­мо во по­ли­ти­ка­та, ту­ку и во жи­во­тот. Кој бој­ко­ти­ра? Кој се отка­жу­ва од бор­ба­та? Са­мо тој што е слаб, кој не­ма што да по­ну­ди, и кој не се/го на­у­чил(е) да се бо­ри во жи­во­тот.

Vladimir-Bozinovski-analizaБожиновски: Има ре­чи­си че­ти­ри го­ди­ни до след­ни­те из­бо­ри. Проб­ле­мот е што СДСМ мо­ра пр­во да се ре­фор­ми­ра вна­треш­но, па ду­ри по­тоа да ра­бо­ти кај гла­са­чи­те. Јас не ви­дов ни­што но­во. Го­лем дел од вид­ни­те чле­но­ви ги не­ма­ше во кам­па­ња­та, што ре­зул­ти­ра­ше и со пад на гла­со­ви­те. По­треб­на е вна­треш­на ре­кон­струк­ци­ја. Што ќе пра­ват тие 5.000 ти­мо­ви и ка­ко ќе ре­а­ги­ра­ат кај гла­са­чи­те? ВМРО-ДПМНЕ пра­ве­ше но­ва по­ну­да, па на­та­му на­ста­пу­ва­ше кон гла­са­чи­те. Што ќе пра­ват овие 5.000 ти­мо­ви? Ќе одат од вра­та до вра­та и на лу­ѓе­то ќе им ве­лат: „Гла­сај­те за нас!“ Зо­што? Не­ма­ат од­го­вор на тоа, и до­де­ка го не­ма­ат не­ма да има ни­што од оваа иде­ја. Пра­ша­ње­то е да­ли се не­моќ­ни да ја на­пра­ват оваа ре­фор­ма или се ра­бо­ти за не­ка­ква гор­де­ли­вост на ра­ко­водс­тво­то, ка­ко да се пла­шат од тоа. Не мо­жеш да ги прив­ле­ку­ваш гла­са­чи­те врз ос­но­ва на ре­фор­ма што не по­стои!

 

Ре­ал­но, а и гле­да­но од стра­на, се­то ова, осо­бе­но со за­се­га има­ги­нар­ни­те ти­мо­ви на те­рен, ли­чи на нај­а­ва за остра 3,5-го­диш­на кам­па­ња. Кол­ку овој чин е по­ли­тич­ки ис­пра­вен и, од дру­га стра­на, го из­да­ва ли и мо­мен­тот де­ка на Би­ха­ќка уште отсе­га се под­го­тву­ва­ат за след­ни­те из­бо­ри во 2018 го­ди­на?

Tanja-Karakamiseva-analizaКаракамишева-Јовановска: Уба­во ре­ко­вте, из­мис­ле­ни 5.000 ти­мо­ви на те­рен. И оваа број­ка е дел од „стра­те­ги­ја­та“ што тре­ба да ја до­за­ко­па оваа гу­бит­нич­ка по­ли­ти­ка на СДСМ. Во жел­ба да прет­ста­ви не­што сен­за­ци­о­нал­но, да го прив­ле­че, ба­рем за мо­мент, вни­ма­ни­е­то на јав­но­ста, ра­ко­водс­тво­то на СДСМ сѐ по­ве­ќе са­мо­то по­ли­тич­ки се до­за­ко­пу­ва. Не знам зо­што има­ат по­тре­ба да се рас­фр­ла­ат во јав­но­ста со број­ки, со пред­ло­зи во кои и са­ми­те не ве­ру­ва­ат. Да по­тсе­ти­ме на не­кол­ку нив­ни ве­ту­ва­ња, кои не ги ре­а­ли­зи­раа, а ги из­не­соа пред гра­ѓа­ни­те: фор­ми­ра­ње вла­да во сен­ка, фор­ми­ра­ње пар­ла­мент во сен­ка, тех­нич­ка вла­да, ка­ко ед­но од пет­те ба­ра­ња на опо­зи­ци­ја­та за нив­но вра­ќа­ње во Со­бра­ни­е­то на РМ, а кое не­кол­ку не­де­ли по­доц­на се транс­фор­ми­ра во ба­ра­ње за „че­ти­ри ми­ни­стерс­тва“, итн. НЗС на си­те нив­ни из­ја­ви и ве­ту­ва­ња е не­кон­зи­стент­но­ста и не­од­го­вор­но­ста.

 

Ка­ра­ка­ми­ше­ва-Јо­ва­нов­ска ве­ли де­ка, на­ви­сти­на, ќе ја изра­ду­ва­ат до­кол­ку го де­ман­ти­ра­ат се­то тоа што го има ка­жа­но до­се­га и ако, на при­мер, на­ви­сти­на ус­пе­ат да со­ста­ват и да из­ле­зат со 5.000 ти­мо­ви од пар­ти­ски акти­ви­сти на те­рен со за­да­ча да сра­бо­тат не­што кон­крет­но и во ин­те­рес на гра­ѓа­ни­те. Ве­ли де­ка ќе ја ста­ви на­стра­на и ди­ле­ма­та и не­бу­ло­за­та што се по­вр­зу­ва со су­шти­на­та на те­рен­ска­та ра­бо­та на овие ти­мо­ви, ко­ја, ка­ко што бе­ше нај­а­ве­но од пар­ти­ски­от ли­дер, тре­ба да ги чуе мис­ле­ња­та и по­тре­би­те на гра­ѓа­ни­те, па врз нив­на ос­но­ва СДСМ да ја гра­ди ид­на­та по­ли­ти­ка на сопс­тве­но дејс­тву­ва­ње!?

Tanja-Karakamiseva-analizaКаракамишева-Јовановска: И во овој дел се чув­ству­ва де­ка лон­чи­ња­та се из­ме­ша­ни, но ка­ко и да е. Ќе им про­сти­ме сѐ, па ду­ри и за мо­мент ќе за­бо­ра­ви­ме де­ка опо­зи­ци­ја­та е таа што тре­ба по­сто­ја­но да им ну­ди на гра­ѓа­ни­те по­до­бар жи­вот, по­до­бра про­гра­ма од по­стој­на­та, по­до­бри ре­ше­ни­ја од вла­де­јач­ки­те, до­кол­ку, на­ви­сти­на, оста­не на збо­рот и ба­рем ед­наш ус­пее да ре­а­ли­зи­ра ед­на сво­ја нај­а­ва. Иа­ко на си­те ни е јас­но де­ка гра­ѓа­ни­те тре­ба да се кон­сул­ти­ра­ат то­гаш ко­га пар­ти­и­те има­ат што да по­ну­дат, а не обрат­но. Пар­ти­и­те, а по­себ­но опо­зи­ци­ски­те пар­тии, не тре­ба да по­сто­јат са­мо ка­ко име на хар­ти­ја, ту­ку тре­ба точ­но да зна­ат да­ли не­кои ре­ше­ни­ја се до­бри за гра­ѓа­ни­те или не.

Vladimir-Bozinovski-analizaБожиновски: ВМРО-ДПМНЕ има кон­стант­на пла­тфор­ма од 450.000 гла­со­ви, ко­ја по­сто­ја­но се зго­ле­му­ва, а СДСМ мо­ра да прив­ле­че мно­гу по­ве­ќе од сво­ја­та кон­стант­на број­ка, ко­ја бе­ше 350.000, а се­га се на­ма­ли. Во ос­но­ва, број­ка­та од 5.000 ти­мо­ви е пре­го­ле­ма, па ду­ри и да нај­дат тол­ку лу­ѓе, тие ќе не­ма­ат што да ка­жу­ва­ат за да ги убе­дат гла­са­чи­те. По­треб­на е ед­на со­лид­на пла­тфор­ма. Одам­на по­ми­на вре­ме­то ко­га се гла­са­ше про­тив.

 

Не­га­ти­вен из­ве­штај на ЕК са­мо сон за СДСМ, или одраз на аро­ган­ци­ја­та?

Не­га­ти­вен есен­ски из­ве­штај на ЕК за Ма­ке­до­ни­ја е са­мо сон за СДСМ, ве­ли Ка­ра­ка­ми­ше­ва. За Бо­жи­нов­ски, пак, тоа е до­каз за аро­ган­ци­ја­та на ра­ко­водс­тво­то, а не­га­тив­ни­те точ­ки во из­ве­шта­јот и нив­но­то оче­ку­ва­но наг­ла­су­ва­ње би би­ле ба­ди­ја­ла, ток­му по­ра­ди фа­ктот што пар­ти­ја­та не­ма што да им по­ну­ди на гла­са­чи­те.

 

Tanja-Karakamiseva-analizaКаракамишева-Јовановска: И овие прог­но­зи се са­мо сон на СДСМ, сон на по­ли­ти­ча­ри што не уме­ат да се до­ка­жат со де­ла кол­ку се ус­пеш­ни, ту­ку им се по­треб­ни не­га­тив­ни из­ве­штаи, или друг вид сен­за­ци­о­на­лиз­ми, за да мо­жат да „блес­нат на јав­на сце­на“ со кри­ти­зерс­тво и со „гле­да­ње се­ир на ште­та на си­те“. Ре­чи­си сум си­гур­на де­ка не­ма да има не­га­ти­вен из­ве­штај од Европ­ска­та ко­ми­си­ја за на­пре­до­кот на РМ. Мо­же­би ќе има одре­де­ни за­бе­ле­шки, кои ќе се од­не­су­ва­ат на во­де­ње­то на по­ли­тич­ки­от ди­ја­лог ме­ѓу вла­ста и опо­зи­ци­ја­та ток­му по­ра­ди од­лу­ка­та на опо­зи­ци­ја­та да го бој­ко­ти­ра Со­бра­ни­е­то и да отсус­тву­ва од ра­бо­та­та на прет­став­нич­ки­от ор­ган во зем­ја­та, но из­вес­но е де­ка не­ма да има из­ве­штај со кој би би­ла до­ве­де­на во пра­ша­ње пре­по­ра­ка­та на ЕК, исто ка­ко што не­ма да има ре­чи­си ни­што од нај­а­ве­на­та сен­за­ци­о­нал­ност од „ко­руп­ци­ски­от скан­дал“ во кој е, на­вод­но, вме­шан пре­тсе­да­те­лот на Вла­да­та на РМ. Вре­ме е СДСМ да се со­о­чи со се­бе, со сво­и­те не­га­тив­ни по­ли­тич­ки че­ко­ри, кои одат на ште­та на си­те, и да свр­ти нов лист на во­де­ње по­ли­ти­ка со ко­ја, ко­неч­но, ќе де­мон­стри­ра зре­лост, од­го­вор­ност, се­ри­оз­ност, по­све­те­ност и, пред сѐ, ви­стин­ска по­чит кон ра­бо­та­та и тру­дот и кон тие што зна­ат ви­стин­ски да ра­бо­тат и да соз­да­ва­ат.

Vladimir-Bozinovski-analizaБожиновски: Аро­ган­­­ци­ја­та кај дел од ра­ко­водс­тво­то на СДСМ е бе­скрај­на. Не мо­же да се оче­ку­ва да се трг­не пре­по­ра­ка­та. Штом не­кој ти ја дал врз ос­но­ва на ис­пол­ну­ва­ње на за­да­чи­те, а не ја спро­ве­ду­ва по­ра­ди ира­ци­о­на­лен проб­лем со Гр­ци­ја, не­ма ни­ка­ква ло­ги­ка да ти ја од­зе­мат, то­гаш се не­ги­ра­ат са­ми­те се­бе. А СДСМ и по­крај тоа, што и да се слу­чи, не­ма што да по­ну­ди. Не­го­ви­те по­ли­тич­ки про­тив­ни­ци пра­ват авто­па­ти­шта, прив­ле­ку­ва­ат ин­ве­сти­ции во ва­ква ло­ша еко­ном­ска кли­ма за Евро­па и за све­тот, а тој не ну­ди ап­со­лут­но ни­што.

 

Па ду­ри и да ја зе­ме пре­по­ра­ка­та и да нај­де и наг­ла­си не­ка­кви не­га­тив­ни точ­ки во неа, СДСМ и на­та­му не ќе мо­же да од­го­во­ри на пра­ша­ње­то – зо­што гра­ѓа­ни­те да гла­са­ат за не­го? По­ли­тич­ки­те пар­тии мо­же­ме да ги гле­да­ме ка­ко еко­ном­ски суб­је­кти. На па­за­рот ну­дат не­што и тоа ми­ну­ва или не, се­ка­ко, во овој слу­чај се ра­бо­ти за про­гра­ми и за про­е­кти. Ка­ко СДСМ оче­ку­ва да ја про­да­де мар­ка­та, ко­га не­ма со што? Ос­нов­но­то пра­ша­ње е зо­што да се гла­са за не­го? Ко­га ќе од­го­во­ри на ова пра­ша­ње, ду­ри то­гаш ќе мо­же­ме да збо­ру­ва­ме да­ли има и ка­кви шан­си има во ид­ни­на.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 105. број на неделникот „Република“, 5.09.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top