Пресудата за еден од најпознатите светски параолимпијци, Оскар Писториус, обвинет за убиството на својата девојка, Рива Стинкамп, се очекува денеска.
Обвинението за убиство со умисла е отфрлено, за кое му се закануваше доживотен затвор на параолимпиецот. Моментно се на пауза и се очекува во секој момент да биде донесена конечната пресуда.
Тој, сепак, може да биде осуден за убиство без умисла, за што може да добие и до 15 години затворска казна.
Во едно од медиумски најекспонираните судења во последниве години, беа сослушани 37 сведоци, вештаци и стручњаци.
Некогаш најбрзиот параолимпиец се бранеше дека Стинкамп ја застрелал мислејќи дека станува збор за провалник што упаднал во неговиот дом во Преторија.
Судењето траеше пет месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


