Германскиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер го освои срцето на атрактивната српска тенисерка Ана Ивановиќ. Германскиот магазин „Билд“ објави фотографии за вљубената двојка од Њујорк, за време на последниот гранслем што се одигра во Големото Јаболко.
Популарниот Швајни долго време беше во врска со манекенката Сара Брандер, но очигледно сега има нова љубов. Ивановиќ е една од најатрактивните тенисерки на планетата, а Бастијан ги следеше нејзините настапи на Отвореното првенсто на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



