Анализата на годишните извештаи на Фондацијата раководена од Владимир Милчин, за кои вчера беше само „гребнато под површина“, покажува дека во извештајот за 2012 година се фали дека организирала оцена на капацитетите и критика на комисијата за лустрација преку создавање анализи и издавање стручни трудови. Всушност, оваа активност на ФООМ се случува токму откако Милчин беше лустриран и прогласен за поткажувач на тајните служби.
Како за пофалба, од фондацијата Сорос наведуваат и организација на дури 31 дебата на клубот ГЕМ – Граѓани за европска Македонија. Наводно учествувале 3.505 граѓански учесници и слушатели. Доколку се погледне лисата на учесници и гласноговорници на клубот ГЕМ, тоа се Бранко Геровски, Жарко Трајановски, Ѓунер Исмаил, Фросина Ременски, која е и потпретседателка на СДСМ.
За развој на граѓанското општество таа 2012 година Сорос потрошил еден милион и две илјади евра. Носител на голем дел на активностите е платформата Метаморфозис, инаку ќерка-фондација на Сорос – Фондацијата Отворено општество Македонија.
Годината пред тоа, во 2011 за пишување на извештаи кои биле испраќани до Европската комисија, Сорос и Милчин потрошиле 18 милиони денари. Меѓу носителите на активности е и Македонскиот центар за европско образование, раководен од Лидија Димова, инаку партиски функционер на СДСМ. Името на Димова во јавноса е познато по барањето кое што го упати до европските институции за одземање на средствата кои што ЕУ ги дава за поддршка на Македонија. По овој факт, може да се насети и содржината на барањата и што се наведувало во извештаите кои биле испраќани до Европската комисија, а финансирани од Сорос.
18 милиони се потрошени на „создавање на три нови дневно-информативни портали и се започнаа подготовките за нов информативен портал на албански јазик; Се збогатија содржините на два неделни интернет магазини; Обучени се над 30 млади новинари за продукција“.
Ова не е прва ваква активност финансирана од Сорос. Во 2009 година на пример се трошеле пари за финансирање новинари- практиканти во ЕУ, за што биле дадени 2 милиони 719 денари. За проектот на НВО Инфо центар „Медиумско огледало“ биле потрошени 2 милиони 140 илјади денари. ГЕМ добил 20 милиони денари. Пари од Сорос добила и Општина Струмица за изградба на Амфитеатар. Се офајдил и Мерсељ Биљали кому му го финансирале издавањето на неговата книга, а истовремено бил дел од управните органи на Сорос.
Над пет милиони денари се потрошени во 2006 година за квалитативен мониторинг на медиумите.
Ова е само мал дел од тоа како биле трошени парите од фондацијата. Сè на сè, во сите години на активност на Сорос во Македонија, ФООМ потрошил околу 93 милиони евра.
Со овие пари, за споредба, реално можеа да се отворат фабрики и да се намали невработеноста.
Така на пример, втората инвестиција на Џонсон контрол вреди 20 милиони евра и ќе вработува 1400 лица. Со парите нод Сорос, можело да се отворат најмалку 4 вакви фабрики каде би работеле над 5600 луѓе.
20 милиони се и инвестициите на „Кромберт и Шуберт“, или, пак, на „Ван Хол“ во првата фаза, каде работат 500 лица.
10 милиони е инвестицијата на „Техозе“, каде што работат 150 луѓе. Значи Сорос за овие години можеше да отвори 9 фабрики колку „Техозе’ и да вработи 1.350 луѓе.
Стил кон е фабрика во која е инвестирано 3,5 милиони со 100 вработени. Парите од Сорос можеа да обезбедат дури 26 вакви капацитети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.