| четврток, 6 декември 2018 |

Васко Дуковски ќе ја оживее македонската изворна музика на „Беркли“

Македонскиот мултиинструменталист и виртуоз на кларинет Васко Дуковски вечерва ќе настапи на Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија како специјален гостин на петтиот по ред „Мидл истерн фестивал“. Овој фестивал е еден од најзначајните настани на Универзитетот „Беркли“, кој секоја година соединува музичари од Блискиот Исток, Балканот и Медитеранот, вклучувајќи и студенти од целиот свет за да ја научат и доживеат музичката традиција на тие региони.
Годинашното издание, „The Soaring voices of the Balkans“, се фокусира на вокалната традиција на Балканот и на Кавказот. На овој фестивал преку Васко Дуковски ќе се слушнат и магичните звуци и духот на македонската изворна музика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top