Пет лица загинаа, а осуммина се повредени, од кои некои потешко кога се урна балкон на четвртиот кат, на една станбена зграда во Калифорнија.
Полицијата во оваа американска сојузна држава соопшти дека тешкиот инцидент се случил во универзитетскиот град Беркли, во еден часот после полноќ, по локално време.
Во соопштението се вели дека полицијата стигнала на местото на инцидентот, наишла на целосно разурнат балкон и на телата на загинатите и ранетите.
Засега не е јасно што се случувало и што го предизвикало уривањето на балконот.
Полицијата и здравствените власти стравуваат дека бројот на жртвите може да биде многу поголем, затоа што некои од ранетите се наоѓаат во животна опасност.
Идентитетот на загинатите и повредените не е познат, освен што се разбра дека меѓу жртвите има млади ирски државјани.
Министерството за надворешни работи на Ирска во Даблин веќе потврди дека има загинати неколкумина Ирци.
– Единствено што засега знаеме е дека има млади Ирци меѓу жртвите во овој тежок инцидент, но не знаеме што ја предизвикало несреќета„- изјави за американските медиуми, шефот на ирската дипломатија Чарли Фланеган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.