| четврток, 6 декември 2018 |

Васко Дуковски, кларинетист: Во Њу­јорк па­тот кон упсехот е долг, ма­ко­тр­пен, не­поз­нат

Ду­ков­ски во друш­тво со аме­ри­кан­ска­та актер­ка, тан­чар­ка и тек­сто­пи­сец Нор Фокс, џез-пи­ја­ни­стот и ком­по­зи­тор Ва­сил Ха­џи­ма­нов, ма­ке­дон­ски­от џез-му­зи­чар, пер­ку­си­о­нист и та­па­нар Ви­ктор Фи­ли­пов­ски и кон­тра­ба­си­стот Ки­рил Ту­фек­чи­ев­ски, ќе би­дат дел од на­ста­нот на­ре­чен „Брод­веј во Скоп­је“

На 6 фе­вру­а­ри, ре­сто­ра­нот „Фор­ца“ во Скоп­је беше до­ма­ќин на пре­крас­на ма­гич­на ве­чер ис­пол­не­та со му­зи­ка, спе­ци­јал­но се­ле­кти­ра­на ин­тер­на­ци­о­нал­на куј­на и раз­но­вид­ност од ви­на, пи­ва и од ко­кте­ли. Са­мо за оваа ве­чер од Њу­јорк дојде еден од свет­ски нај­поз­на­ти­те и нај­ба­ра­ни кла­ри­не­ти­сти, мул­ти­ин­стру­мен­та­лист и ком­по­зи­тор Ва­ско Ду­ков­ски, ма­ги­стер на шко­ла­та за му­зи­ка „Џу­ли­јард“, при­дру­жу­ван од свет­ски поз­на­та­та аме­ри­кан­ска тан­чар­ка, тек­сто­пи­сец, актер­ка и пе­јач­ка Но­ра Фокс. Оваа фу­зи­ја беше на­до­пол­не­та од зву­ци­те на пи­ја­но на џез-пи­ја­ни­стот и ком­по­зи­тор Ва­сил Ха­џи­ма­нов, кој дип­ло­ми­рал на му­зич­ки­от ко­леџ „Берк­ли“ во Бо­стон, ма­ке­дон­ски­от џез-му­зи­чар, пер­ку­си­о­нист и та­па­нар Ви­ктор Фи­ли­пов­ски, кој дип­ло­ми­рал на Ака­де­ми­ја­та за му­зи­ка при фа­кул­те­тот „Го­це Дел­чев“ во Штип на отсе­кот џез-му­зи­ка и кон­тра­ба­си­стот Ки­рил Ту­фек­чи­ев­ски, дип­ло­мец на Уни­вер­зи­те­тот за му­зи­ка и умет­но­сти во Грац, Ав­стри­ја.

Ду­ков­ски е му­зи­чар од нај­ви­сок ка­ли­бар, еден од нај­ба­ра­ни­те ин­стру­мен­та­ли­сти на сво­ја­та ге­не­ра­ци­ја. Во не­го­ва­та би­о­гра­фи­ја стои де­ка со­ра­бо­ту­вал со нај­го­ле­ми­те свет­ски му­зич­ки ими­ња на де­неш­ни­на­та ка­ко Џон Кор­ли­ја­но, Џон Адамс, Ган­тер Ша­лер, Је­ху­ди Вај­нер, Ге­орг Фри­дрих Хас, Хел­мут Лах­ман, Фи­лип Урел, Џорџ Лу­ис и мно­гу дру­ги.

Му­зи­ка­та на Ду­ков­ски, ве­лат кри­ти­ча­ри­те, ги спо­ју­ва кон­ти­нен­ти­те. Зад се­бе има мно­гу учес­тва, го­сту­ва­ња и на­гра­ди од це­ли­от свет. Охри­ѓа­не­цот со сво­е­то друш­тво се оби­де да го до­не­се во Скоп­је гла­му­рот и му­зи­ка­та од Брод­веј. 

vasko dukovski - IMG_1384

Охри­ѓа­не­цот со сво­е­то друш­тво се оби­де да го до­не­се во Скоп­је гла­му­рот и му­зи­ка­та од Брод­веј

Ка­ко е за­мис­ле­на Брод­веј­ска­та ве­чер во Скоп­је? Ќе ус­пе­е­те ли да го пре­се­ли­те Њу­јорк во Скоп­је?

ДУКОВСКИ: Пре­диз­ви­кот да се пре­се­ли Њу­јорк во Скоп­је е го­лем, но ќе се по­тру­ди­ме тоа да го на­пра­ви­ме пре­ку ма­ги­ја­та на му­зи­ка. Да­ли ќе ус­пе­е­ме во тоа или не, оста­ну­ва не­поз­на­то и ќе доз­на­ат са­мо тие што ќе би­дат при­сут­ни. За­мис­ла­та за оваа ма­гич­на ве­чер е ре­кре­а­ци­ја на до­жи­ву­ва­ње на мал дел од тоа што чо­век мо­же се­којд­нев­но да го ви­ди и иску­си во Њу­јорк ше­тај­ќи се на поз­на­ти­от „Брод­веј“ и по брод­веј­ски­те ба­ро­ви, те­а­три и ка­ба­реа.

Да­ли ова ќе би­де Ваш прв на­стап со се­стра­на­та Но­ра Фокс? 

ДУКОВСКИ: Ова е наш прв на­стап во оваа кон­фи­гу­ра­ци­ја из­ве­ду­вај­ќи брод­веј­ски хи­то­ви, но не и пр­ва со­ра­бо­тка. Ве­ќе две го­ди­ни со­ра­бо­ту­ва­ме и на­ста­пу­ва­ме низ Њу­јорк.

За Брод­веј­ска­та ве­чер во Скоп­је ќе се со­бе­ре уба­во друш­тво. Освен Вие и Фокс, ќе на­ста­пат и Ва­сил Ха­џи­ма­нов, Ви­ктор Фи­ли­пов­ски и Ки­рил Ту­фек­чи­ев­ски. Што ќе би­де на ре­пер­то­а­рот?

ДУКОВСКИ: Ве­чер­та ќе би­де ед­но пре­крас­но дру­же­ње и спој ме­ѓу Њу­јорк, Скоп­је и Бел­град, а за­ед­нич­ки ја­зик на ко­му­ни­ка­ци­ја ќе би­де му­зи­ка­та! Про­гра­ма­та ќе би­де ис­пол­не­та со де­ла на Гер­швин, Сонд­хајм, Берн­штајн, Ар­ти Шо, но и со на­ши ори­ги­нал­ни ком­по­зи­ции.

Ка­ко се ус­пе­ва во Њу­јорк? Вие сте еден од свет­ски нај­поз­на­ти­те и нај­ба­ра­ни кла­ри­не­ти­сти, мул­ти­ин­стру­мен­та­лист и ком­по­зи­тор, кој со го­ди­ни жи­вее и учи во САД.

vasko dukovski - IMG_1310

Ус­пе­хот е ре­ла­тив­на и ин­ди­ви­ду­ал­на ра­бо­та, ин­те­гри­те­тот и умет­нич­ка­та со­од­вет­ност не се

ДУКОВСКИ: Ус­пе­хот е ре­ла­тив­на и ин­ди­ви­ду­ал­на ра­бо­та, ин­те­гри­те­тот и умет­нич­ка­та со­од­вет­ност не се. Во Њу­јорк, а и ка­де би­ло во све­тот, па­тот кон тоа што све­тот го раз­би­ра или не ка­ко „ус­пех“ е долг, ма­ко­тр­пен, не­поз­нат, пре­полн со не­се­којд­нев­ни аван­ту­ри, фор­ми­ран од се­којд­нев­ни поз­нанс­тва и од кон­ти­ну­и­ра­на кон­су­ма­ци­ја на здра­ви ра­бо­ти. По­сто­јат без­број ре­цеп­ти за ус­пех. Си­те ние сме раз­лич­ни и на се­кој од нас му е по­треб­на ин­ди­ви­ду­ал­на фор­му­ла за ус­пех, ко­ја, за жал, се фор­ми­ра со искус­тво и по­сто­ја­но се ме­ну­ва.

Вие бе­вте од ти­мот што сто­е­ше зад „Свет­ски­от ор­ке­стар за мир“. Ка­кви искус­тва но­си­те од тој на­стап?

ДУКОВСКИ: Про­е­ктот „Свет­ски ор­ке­стар за мир“ бе­ше еден го­лем пре­диз­вик со ед­на единс­тве­на уни­вер­зал­на иде­о­ло­ги­ја, ко­ја се­кој од нас ја по­са­ку­ва, мир на оваа на­ша пла­не­та, на овој единс­твен дом во кој ние, лу­ѓе­то, сме са­мо го­сти со не­кол­ку­де­ка­ден пре­стој. Искус­тво­то бе­ше не­се­којд­нев­но, ис­пол­не­то со се­којд­нев­ни не­пред­ви­де­ни проб­ле­ми, исто ка­ко и жи­во­тот на оваа пла­не­та, но му­зи­ка­та, на­ши­от за­ед­нич­ки и единс­твен уни­вер­за­лен ја­зик бе­ше ре­ше­ние на си­те те­шко­тии.

Кои се Ва­ши­те ид­ни про­е­кти? 

ДУКОВСКИ: Во мо­мен­тов ра­бо­там на не­кол­ку ин­те­рес­ни но­ви про­е­кти, но не би мо­жел да ка­жам ни­што по­ве­ќе.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: при­ват­на ар­хи­ва

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top