| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасна исповед на киднапирано девојче од ИСИЛ: Ми го убија телото, сега ми ја убиваат и душата

Homeless Iraqi Families Take Shelter In Al Rashid Military Base

Малолетно девојче, припадник на јазидите, откри каква брутална тортура претрпела како сексуална робинка во рацете на екстремистите на ИСИЛ. Мајат (измислено име на девојчето) е киднапирано на 3 август за време на офанзивата околу градот и планината Синџар во северозападниот дел на Ирак во близина на границата со Сирија.

Џихадистите ѝ дозволиле да зборува, но не поради нивната добродушност, туку поради нивниот монструозен план.

– Сакаа уште повеќе да нѐ повредат. Ни рекоа дека мораме на своите родители да им ги опишеме ужасите кои ни ги правеа до најситен детаљ – вели девојчето.

Родителите, кои сега се бегалци во Курдистан, го дале бројот на нивната ќерка на новинар од италијанската „Ла Република“. Мајат за интервјуто за весникот имала само еден услов, нејзиниот идентитет да остане во тајност затоа што „се срами за сѐ што ѝ направиле“.

– Дел од мене сака веднаш да умре, да потоне под земја и таму да остане. Но, друг дел сѐ уште се надева дека ќе биде спасен и дека уште еднаш ќе можам да ги прегрнам родителите – вели таа.

Мајат била една од 40 жени и девојчиња кои екстремистите ги држат заробени на непозната локација. Нивната возраст според девојчето се движи од 12 до 30 години. Ги чуваат во куќа со стражари. Таму постоеле како што раскажува, три „хорор соби“ каде што ги силуваат, често од страна на различни мажи и тоа во текот на целиот ден.

– Нѐ третираат како сексуални робови. Секогаш нѐ даваат на различни мажи. Некои од нив доаѓаат директно од Сирија. Ни се закануваат и нѐ тепаат ако одбиеме. Често се молев да ме претепаат до смрт. Но тие се кукавици, никој од нив немаше храброст да ни го прекине страдањето – вели таа.

Таа вели дека некои девојки од шокот едноставно престанале да зборуваат. Нив киднаперите ги одведоа. Многу сами си го одзедоа животот.

– Веќе го убија моето тело, а сега ја убиваат и мојата душа -заклучува малата Мајат на крајот од интервјуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top