| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемена употребата на дрога кај американските пилоти

Тестовите извршени врз телата на пилотите, кои загинале во авионски несреќи во САД од 1990 година покажале дека употребата на легални и илегални лекови и дроги до 2012 година е зголемена за четири пати, се заклучува во студијата, која ја објави американскиот Национален совет за безбедност во сообраќајот.

Деведесет и шест проценти од над 6.600 пилоти, кои биле подложени на тестирањето во рамки на студијата, биле приватни, а не комерцијални пилоти.

Процентот на пилотите, чии тела биле позитивни на најмалку една илегална или легална дрога во 1990 година беше помал од десет, а во 2011 година се зголеми на 40. Но Советот и покрај порастот на употребата на дрога заклучи дека не дошло до зголемување на бројот на несреќите во кои употребата на дроги придонеле за нив.

Најзачестени лекови биле антихистаминици, кои обично се купуваат без рецепт и можат да предизвикаат поспаност. Тие се пронајдени кај 9,9 отсто од пилотите во периодот 2008-2012 година, речиси двојно повеќе од пилотите кои биле позитивни на овие лекови во периодот 1990-1997 година (5,6 отсто).

Процентот на пилотите кои биле позитивни на најмалку една илегална дрога се зголемил на 3,8 отсто во периодот 2008-2012. Во периодот од 1990-1997 година тој процент изнесувал 2,3 отсто. Марихуаната била најчесто употребувана илегална дрога и бројот на пилотите позитивни неа се зголемил од 1,6 отсто (1990-1997) на три отсто (2008-2012).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top