| четврток, 6 декември 2018 |

И без Фалкао и Ди Марија, Манчестер јунајтед троши рекордни 200 милиони фунти за годишни плати

За првпат во историјата на клубот, Манчестер јунајтед ќе потроши повеќе од 200 мили0ни фунти за годишни плати на фудбалерите кои играат за гигантот од „Олд Трафорд“, а интересно е што во сумата не се пресметани најновите шест засилувања. Трошкот ќе биде уште поголем ако се додадат „солените“ примања на Радамел Фалкао, Анхел Ди Марија, Марко Рохо, Дејли Блинд, Лук Шо и Андер Ерера. Тие потпишаа договори како нови засилувања на Ман-ју пред да излезе годишниот извештај за финансиската состојба во клубот.

Јунајтед досега никогаш не ја минал границата од 200 милиони фунти, што е фантастично ниво и го преминува само уште еден англиски клуб, лутиот градски ривал Манчестер сити.

Популарните „црвени ѓаволи“ остварија годишен приход од 433, 2 милиони фунти, а профитот е 23,8 милиони фунти за фискалната 2013/14 година. Се очекува пад на приходот од околу 10 проценти во наредниот период, поради неиграњето на Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите во новото издание на престижното клупско натпреварување во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top