Светската здравствена организација соопшти денеска дека се заканува забрзано ширење на вирусот на ебола во западна Африка, кој досега однесе речиси 2.300 животи.
– Преплавени сме. Пациенти пристигаат во огромен број. Вчера примивме 30 пациенти – изјави Софи Џејн, портпаролка на Лекари без граници.
СЗО соопшти дека во вторникот се регистрирани 2.296 смртни случаи од вкупно 4.293 заболени во Либерија, Сиера Леоне, Гвинеја и Нигерија. Половина од инфицираните се регистрирани во изминатите три недели, наведува СЗО.
Еболата е вирусно заболување за кое нема лек. Болеста се пренесува во контакт со телесна течност од заболен, што значи дека за инфицирање е доволен и само допир со заразено лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.