| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Бакрачески се обрати на конференцијата за информатичари : Преку вашите научни сознанија и практики ќе ве препознаваат идните генерации

Охрид, деновиве е центар на новите информациски системи и технологии, врз кои се темели сегашноста и иднината на светот, рече Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески во своето обраќање на меѓународните конференции на Асоцијата ИКТ-АКТ, која се одржа денеска во хотел „ Метропол“ во Охрид.

-Горди сме што сме домаќини на признати имиња од ова област во светот, што промовираат нови научни сознанија и практики кои ќе бидат драгоцени за македонската, но и за стручна јавност во земјите од соседството, Европа и Светот. Со одржувањето на вакви стручни конференции, длабоко сум уверен, дека на голема врата сме влезени и сме дел од најновите научни сознанија и практики во сферата на информатичките науки во светот, рече Бакрачески.

Во Охрид над 7 000 години има континуиран живот на човекот и неслучајно го нарекуваат ризница на цивилизациите. Овде на секој чекор можете да ги видите остатоците и да го почуствувате духот на минатото и сегашноста.Почитуваните гости кои првпат доаѓаат во овој свет град, верувам дека ќе го препознаат специфичниот флуид на единството на културното наследство и природните реткости, поради кои како светско богатство Охрид и Охридското Езеро се под заштита на УНЕСКО, подвлеше Градоначалникот на Охрид.

Овде на крстосницата на цивилизациите, многу знајни и незнајни великани оставале свои траги и го создавале безвремнскиот мозаик на овој град. Сигурен сум дека и Вие, преку Вашите научни сознанија и практики ќе бидете дел од тој мозаик, по што ќе Ве препознаваат идните генерации.

Ќе сториме се да бидеме добри домаќини и да придонесеме од Охрид да понесете убави спомени и да понесете дел од чудесните охридски приказни кои ќе Ве инспирираат во животот , заврши Бакрачеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top