Групата што себеси се нарекува „Организација нула толеранција“ ја презеде одговорноста за нападот на канцелариите на неофашистичката Златна зора во Пиреја минатиот месец. Групата ја нарекува Златна зора неонацистичка банда на тепачи и убијци, чија едниствена цел е да им служи на државата и на капиталот. Во врска со нападот на 13 февруари, групата тврди дека канцелариите на Златна зора биле вистински центри на беззаконие.
Во меѓувреме, пратеникот и портпарол на Златна зора, Илијас Касидијарис, денеска ќе биде изведен пред суд во врска со нападот на студент во 2007 година. Касидијарис е обвинет дека бил дел од петчлена група што го нападна студентот, кој бил претепат, избоден со нож и му била украдена личната карта. Пратениците во грчкиот парламент му го укинаа пратеничкиот имунитет на Касидиарис за да може да му се суди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



