Синоќа во 22.40 часот во ПС Центар Р.О. (18) пријавил дека околу 21.00 часот на бул.„Кузман Јосифовски-Питу“, додека се шетал со неговите другари и соседи Ф.К. (21) и еден седумнаесетгодишник и еден петнаесетгодишник, сите од Скопје, биле пресретнати од околу десетина непознати маскирани лица, кои без повод и причина физички ги нападнале Р.О. и седумнаесетгодишникот.
Истите ги удирале со раце и нозе во пределот на главата и телото, при што на Р.О. од џебот на тренерката му одзеле 1 000 денари. Ф.К. и петнаесетгодишникот успеале да побегнат.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.