Шеснаесетгодишно девојче и нејзин петнаесетгодишен другар вчера биле нападнати од непознат сторител на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Разбојникот им пришол зад грб, во влез од зграда. Го удрил девојчето со тупаница по лицето, а потоа со закана со нож им одзел два мобилни телефона и 770 денари, по што заминал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.