Во Лондон е објавен потесниот список на шесте автори кои се во конкуренција за литературната награда „Букер“, вредна 50 илјади фунти. Првпат оваа година наградата „Букер“ ќе биде отворена и за американските писатели.
За „Букер“ оваа година конкурираат поранешниот добитник Хауард Џејкобсон, Али Смит, Нил Мукхерје, Џошуа Ферис, Карен Џој Фоулер и Ричард Фланаган.
Добитникот ќе биде прогласен на 14 октомври, а сите автори во потесен избор ќе добијат по 2.500 фунти и ново издание на своите книги.
Објавувањето на потесниот список на наградата „Букер“ традиционално го следат и обложувалниците, според кои за сега водат британските автори на листата.
„Букер“ ќе биде доделена по 46. пат, а ова е првпат и американски писатели да конкурираат за неа. Претходно во наградата беа вклучени автори од земјите на Комонвелтот, Ирска и Зимбабве. На пошироката листа имаше 13 автори од кои четворица беа од САД.
Минатата година наградаа ја освои новозеландската писателка Еленор Карон која како 28-годишна авторка влезе во историјата како најмлада добитничка на оваа престижна награда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.