| четврток, 6 декември 2018 |

Ремек-дела на Бејл, Дочкал, Христофи и Балај (видео)

Герет Бејл постигна два гола за спас и победа на Велс против Андора во првата рунда од квалификациските дуели за пласман на Европското првенство во Франција 2016 година. Посебно атрактивен беше вториот погодок со кој Велшаните славеа со 2-1, а Бејл се погрижи трите бода да отпатуваат кај популарните „змаеви“ со гол од слободен удар.

Убав беше и првиот погодок на чешкиот репрезентативец Борек Дочкал против Холандија. Дочкал со волеј удар од далечина им донесе предност на домаќините, кои славеа вредна победа над „лалињата“.

Во првото коло се истакна и Деметрис Христофи, репрезентативецот на Кипар со двата гола против Босна и Херцеговина. Кипраните изненадувачки славеа во Зеница со 2-1 против учесникот на мундијалот во Бразил. За истакнување е и победоносниот гол на Балај за Албанија против Португалија. Од прва со волеј удар албанскиот репрезентативец донесе сензационална победа на Албанците во дуелот со популарните европски Бразилци.

Погледнете ги убавите погодоци на Бејл, Дочкал, Христофи и на Балај.

 

Бејл (Велс)

Дочкал (Чешка)

Христофи (Кипар)

Балај (Албанија)


Portugal 0-1 Albania – Euro 2016 Qualif… by footynews

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top