| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе одмориме од дождот, конечно сончев ден

sonce oblaci

Конечно во среда ќе имаме повеќе сончеви од облачни периоди. Можност за краткотаен попладневен дожд ќе има само во планинските места во околината на Полог, Пелагонија и Осогово. Но, сепак најголем дел од земјата ќе има релативно суво време. Температурата во текот на денот ќе биде со малку повисока вредност во однос на вторник.

Според метеопро.мк, максимална температура околу 26°С се очекува во северната половина на земјата, во југозападниот регион околу 25°С. Најтопло ќе биде на југоисток, до 29°С.
Во скопската котлина се очекува претежно сончево време со повремена умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната вредност на температурата ќе достигне 28°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top