Златан Ибрахимовиќ повторно е во фокусот на вниманието, а контроверзниот шведски репрезентативец овојпат е на столбот на срамот поради некоректниот гест на мечот против Австрија. Одличниот напаѓач неспортски со лакот го нокаутира Давид Алаба, а потоа направи уште еден глупав гест, изјавувајќи дека не е виновен што противникот е низок по раст.
За ударот Ибрахимовиќ доби само жолт картон, иако според правилата на фудбалската игра требаше да биде исклучен. Шведска одигра нерешено со Австрија, 1-1, а Алаба кој беше удрен од Златан беше стрелец на водечкиот гол за Австрија од пенал. Потоа израмни Зенгин, па по само 12 минути игра беа поставени конечните 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


