| четврток, 6 декември 2018 |

Проруските сепаратисти тврдат: Немаме оружје за да собориме патнички авион

proruski-separatisti-donjeck-ukrajina-foto-ap-1397290724-478339

Проруските сепаратисти соопштија денеска дека немаат воени средства со кои би можеле да соборат патнички авион.

– Можам да кажам само едно нешто: ние не располагаме со оружје кое може да собори патнички Боинг, вклучувајќи го и малезискиот авион, изјави Александер Захарченко, премиер на самопрогласената „Донецка Народна Република“.

Претходно денеска холандските истражни власти соопштија дека авионот од летот „МХ17 на „Малзијан Ерлајнс“ бил соборен на 17 јули над Источна Украина од мноштво објекти кои летале со голема брзина и се распаднал на делови уште во воздухот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top