Украинскити вооружени сили и проруските сепаратисти вчера водеа жестоки борби со тешка аа артилерија во источна Украина и покрај договорот за примирје, кој забранува користење на вакво оружје долж линијата на фронтот, соопшти синоќа Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Како што јави ДПА, набљудувачите на ОБСЕ регистрирале дека во судирите и двете страни во конфликтот користеле тешка артилерија со калибар од 122 и 152 милиметри.
Според заменикшефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ, Александер Хег, со ваквите постапки двете страни го прекршиле Договорот од Минск, бидејќи со неговите одредби се забранува употреба на тешкото оружје и се предвидува негово повлекување од линијата на фронтот.
– Набљудувачите (на ОБСЕ) констаираа пораст на насилството, што доведува до нови цивилни жртви и уништување на куќи и инфраструктура, дополни Хег.
Украинските власти, од своја страна, исто така соопштија дека биле водени „најжестоки судири од склучувањето на Договорот во Минск“ во февруари годинава, при што загинале двајца припадници на Вооружените сили на Украина, а десет други се ранети.
Киев ги обвини проруските сепаратисите дека во последните 24 часа врз позициите на украинските сили истрелале „рекордни“ 153 проектили.
Сепаратистите, пак, ги обвинија украинските сили за напади со тешко оружје врз териториите под нивна контрола во реонот на Доњецк, при што, според нив, има и цивилни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина