| четврток, 6 декември 2018 |

Повреден рударот носител на златната плакета

najdobar rudarПо десет дена откако ја доби златната плакета за најдобар рудар, кратовчанецот И.К. вчеравечер заврши во скопската Клиничка болница.Скршеницата на левата потколеница, е причината зошто рударот, од една од јамите на пробиштипскиот рудник за олово и цинк Индо Минерали и метали,  заврши на ортопедија, објави Канал 5.

Несреќата се случила доцна синоќа, а 38-годишниот рудар е од Кратово.

Прво бил пренесен во штипската болница, но поради сериозноста на повредите е префрлен во скопскиот Ургентен центар.
Претставници на  Републичкиот рударски инспекторат за утре најавија детална истрага. Денеска јамата каде се случи несреќата е затворена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top