Бела ајкула нападнала средовечен човек во познатото австралиско летувалиште Бајрон беј додека пливал и тој починал од здобиените повреди, поради што сите плажи во областа, на 800 километри од Сиднеј, се затворени во наредните 24 часа.
Спасувачите се обиделе да го спасат човекот кој се здобил со тешки повреди на десната нога, но педесетгодишниот Австралиец не успеал да преживее и покрај укажаната лекарска помош на плажа пренесуваат светските медиуми.
Локалната телевизија Скај Њуз, повикувајќи се на очевидци, информира дека ајкулата е се уште во областа каде што се случил нападот.
Експертите предупредуваат на пораст на нападите од ајкули кои инаку се вообичаени во австралиските води, а последниот фатален напад на ајкула беше во април оваа година на плажата Татра, 350 километри јужно од Сиднеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка