Вечерва на програмата се првите четвртфинални дуели на Светското првенство во кошарка. Во олимписката сала „Палау Сант Жорди“ во Барселона од 17 часот ќе играат Литванија и Турција.
Двете репрезентации со минимални победи обезбедија четвртфинале и имаат голем мотив за триумф и за пласман во полуфиналето бидејќи така ќе дојдат на чекор до пласманот што го имаа на претходното првенство. Турција беше втора, а Литванија трета.
Светскиот и олимписки шампион САД е апсолутен фаворит во дуелот со Словенија. Американците заедно со Шпанија немаат пораз. Овој натпревар почнува во 21 часот.
Утре во Мадрид се играат другите два дуела: Србија – Бразил (почеток 18 часот) и Франција – Шпанија (22 часот).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Како навива секој од хороскопските знаци на Светското првенство?
-
Ангела Прилепчанска ја претстави за прв пат Македонија на Светско првенство во уметничко лизгање (видео)
-
Турчинот Гулиев е наследникот на Усеин Болт (видео)
-
Вечерва ја бодриме Македонија: Кошаркарите против Косово ги започнуваат квалификациите за СП



