Во чест на Денот на независноста на Македонија, македонската дијаспора во САД и дипломатските претставништва во Њујорк го кренаа македонското знаме на Вол Стрит, во паркот Боулинг Грин.
При кревањето на знамето се обратија генералниот конзул на Република Македонија во Њујорк, Гоце Карајанов, претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски и претставници на турската заедница во САД.
– Тука сме да го кренеме македонското сонце во главниот град на светот, и да пратиме порака дека Македонија е независна, дека македонскиот народ и држава се неспорни факти и дека темелите на нашата држава се поставени со многу жртви на нашиот народ. Ние денес ја градиме нашата земја како економски развиена, успешна и демократска, со почитување на нејзината разновидност, изјави конзулот Карајанов при свеченоста.
– Денес е 23 годишнина од македонскиот Ден на Независноста, и почестени сме што дојдовте да ни се придружите. Ова е првпат македонското знаме да се крене над Њујорк, изјави Колоски, од Обединетата македонска дијаспора.
Паркот Боулинг Грин, во непосредна близина на еден од најпрепознатливите симболи на Њујорк, статуата на Галопирачкиот бик, е традиционално место каде заедниците од Њујорк можат да и оддадат чест на својата земја поставувајќи го нејзиното знаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сеќавање на осамостојувањето: Како Кљусев, Мијалков и Змејковски ги извлекоа македонските војници од Хрватска
-
На 8 Септември ќе се пее на албански и на ромски: Владата не кажува колку ќе се потроши за прославата за Денот на независноста
-
Сите зборуваат за патриотското здолниште на Меланија (ФОТО)
-
Крвав празник: За Денот на независноста воена состојба на улиците во Чикаго, 15 мртви


