Хрватскиот тенистер Марин Чилиќ синоќа го освои првиот гренд слем наслов, откако во финалето на УС Опен го совлада Јапонецот Кеи Нишикори со 3:0 во сетови (6:3, 6:3, 6:3).
Ова е 12 освоен турнир на 25-годишниот Чилиќ, но прв гренд слем наслов.
Хрватскиот тенисер беше надмоќен и подобар од Нишикори во текот на целиот меч.
Со триумфот на УС Oпен Чилиќ освои парична награда од 3 милиони долари ќе се пробие на деветото место на АТП листата. Иако поразен Нишикори ќе остане едно место пред Чилиќ, на осмата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


