| четврток, 6 декември 2018 |

Руски авиони во низок лет над бродови на НАТО

brod-S1_696542S1

Руски борбени авиони во низок лет минатиот викенд надлетаа канадски воен брод ХМЦС Торонто и други пловила на НАТО кои во Црното Море учествувале во зеднички воени вежби на неколку држави членки на Алијансата и на Украина.

– Руските воени авиони кои кружеле над бородот на никаков начин не претставувале опасност за канадското пловило, нивните потези беа непотребна провокација и поради тоа е можна дополнителна напнатост, изјави канадскиот министер за одбрана Роб Николсон за Глоуб енд Маил.

Извори на весникот наведуваат дека бродовите на НАТО биле надпетувани од два руски авиони, од кои еден бил ловец а другиот нешто побавен извидувачки авион.

– Тоа можеше да се очекува. Се додека сме таму со нас ќе си играат мачка и глушец, соопштил неименуван извор.

ХМЦС Торонто е во Црното море од саботата заедно со бродови од уште пет држави членки на НАТО каде што учествува во повеќедневни вежби. Вкупно се присутни 12 бродови од кои пет украински и седум на НАТО и речиси 2.000 војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top