| четврток, 6 декември 2018 |

Кајак слалом на Брегалница

kajakПо повод денот на државноста 8 септември Кајакарската федерација на Македонија и Градот Штип организираа натпревар во кајак слалом на реката Брегалница. Манифетсацијата беше од промотивен карактер, за што поголем развој на кајак спортот во Репубика Македонија.

Иако овој настан беше од промотивен карактер натпреварувачите се натпреваруваа во две старосни категории, пионери и сениори каде беа поделени и медали за победниците.

Градоначалникот на Штип Илчо Захариев заедно со Кајакрската федерација на Македонија ќе се ангажираат во најскоро време да се отвори кајак клуб во Штип, нормално потпомогнат од општина Штип, а кајакрската федерација ќе помогне со обучување на кадри во кајакрскиот спорт, велат од Федерацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top