| четврток, 6 декември 2018 |

Духот на невестата од Ротино ги вознемири битолчани

Кај народот од секогаш имало навика да се зборува за несекојдневни појави. Приказни кои никогаш не се дефинирани како митови или како вистини. Деновиве јавноста во Битола на големо зборува за невестата кај Ротино, приказна која не е од сега, но повторно е актуелна.

Претежно таксистите кажуваа дека таму кај мостот навечер се појавувала невеста облечена во бело, крај патот, па тврдеа дека секогаш штом врвеле од таму со автомобилите палеле внатре светло за да биде возилото осветлено.  Од тогаш поминаа години и како оваа тема да се затвори за битолчани, се до сега. Во 2009 година на Јутјуб поставено било видео, како млади возат по тој пат токму за да видат дали ова е вистина. Видеото се уште може да се погледне, но она што ги вознемири битолчани се можеби и први фотографии објавени на Социјалната мрежа Фејсбук. Се разбира никој не може да ја потврди автентичноста…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top