Случајот на Џек Трбосек е една од најголемите мистерии во историјата, која повеќе од 120 години ги бунеше криминолозите и ги тераше да развијат бројни теории за идентитетот на сторителот на грозоморните убиства во Вајтчепел, во текот на есента во 1888 година. Сепак, 126 години подоцна, со помош на модерната технологија и напредните форензички методи, откриено е кој е човекот кој е одговорен за најмалку пет убиства, пишува „Дејли меил“.
ДНК примероците земени од шалот кој бил пронајден до телото на Кетрин Едоус, биле клучни за ова откритие.
Расел Едвардс, 48 годишен бизнисмен, кој долги години аматерски се занимавал со овој случај, го ангажирал светски познатиот експерт специјализиран токму за овој тип докази, докторот Џари Лухелнен.
Користејќи ги современите техники, д-р Лухелнен ги споредил пронајдените примероци со примероците од осомничениот и дошол до ова неверојатно откритие. Имено, меѓу стотина осомничени, ДНК примероците совршено се вклопиле со полскиот емигрант Ерон Космински.
Космински во времето на убиството имал 23 години и живеел недалеку од местото каде полицијата ја пронашла третата жртва, Елизабет Страид.
Од самиот почеток бил еден од главните осомничени, а во 54-тата година починал во психијатарска установа од гангрена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка