Телефонската линија е финансирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот. По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш по примениот повик или снимената порака.
– Народниот правобранител ќе ги штити правата на граѓаните со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции што се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. Истовремено, потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што, не случајно, повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Имајќи ја предвид важноста на избирачкото право, народниот правобранител ги охрабрува сите граѓани што сметаат дека им е повредено ова право, веднаш да го пријават тоа – се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.