Во мариовското село Зовиќ кај мостот кој е познат по неколку филмски сцени кои таму се снимале, битолчанецот Тони Ристевски ја побарал за сопруга неговата долгогодишна девојка Марија Крстевска, јави ТВ-Тера.
Тони е по потекло од тоа место, а живее во Битола. Тој заедно со своите пријатели заминал кај мостот, каде што беше изненадувањето за неговата девојка и сите други.
„ Марија омажи се за мене” беа зборовите испишани на големото бело платно спуштено од мостот, а одговорот на Марија беше ДА.
Лани, во Зовиќ, по 32 години пауза, во ова село повторно ечеа свадбарските музики, бидејќи имаше македонско-шпанска свадба, на која се венчаа Валентин Секуловски и Џенифер Лонго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.