На Денот на независноста на Република Македонија денеска во Охрид по 28-ми пат ќе се одржи Охридскиот атлетски маратон, што традиционално се трча на патеката Свети Наум – Охрид во должина од 30 километри.
Стартот на трката е закажан за 9 часот од кај поранешната караула кај граничниот премин „Свети Наум“, а финишот е на градскиот кеј во Охрид. Најавено е учество на квалитетни тркачи, меѓу кои и минатогодишниот победник Лајош Берец од Унгарија и рекордерката на патеката србинката Ана Суботиќ.
Охридскиот маратон започна да се организира од 1976 година и се одржуваше непрекинато 18 години се до 1993 година. После прекинот потворно се одржува секоја година од 2004 наваму, а поради големата заинтересираност од општински и републички Охридскиот маратон доби меѓународен карактер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.