| четврток, 6 декември 2018 |

Биткоин-банкомат во Љубљана

bitkoinБанкомат за купување и продажба навиртуелната валута биткоин е поставен во петокот пред хотелот Слон во центарот на Љубљана, како прв во Словенија, а се верува и во регионот.

„На овој начин сакаме да го популаризираме користењето на биткоинот. Порастот на користењето на користењето на биткоинот е голем“, изјави Грегор Кнафелк, директорот на компанијата Греоком, која го поставила банкоматот, додавајќи дека со биткоинот може да се купува речиси се, од авиобилетои па се до пица или хпотелски смештај.

Продажбата и купувањето на биткоини во пробниот период ќе биде ограничена на две трансакции дневно, однсно до висина од 40 евра, со 5-постотна провизија.

Следната недела во Љубљана се одржува дводневна конференција за биткоинор, со учесници од Словенија, Хрватска и Италија, Станува збор за луѓе од различни сфери, од претприемачи од start-up фимри до инвеститори, правници и претставници на државни установи, а ќе разговараат за предизвиците кои со себе ги носи виртуелната валута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top