САД, Италија, Норвешка и Полска ги демантираа денешните тврдења на советникот на украинскиот претседател дека ќе испратат оружје за Украина.
– САД не и понудиле „смртоносно оружје“ на Украина за да и помогнат во борбата против проруските сепаратисти, изјави висок американски претставник.
Портпаролот на норвешкото Министерство за одбрана Ларј Јембле истакна дека Осло нема намера да им испорача оружје на властите во Киев.
Италија ќе и достави на Украина замо опрема и советничка екипа, вклучувајќи заштитни елеци и шлемови, но не и оружје, објавија италијанските медиуми.
Портпаролот на полското Министерство за одбрана, Јацек Сонта, исто така, ги отфрли тврдењата на Јуриј Луценко, нагласувајќи дека тој веројатно имал предвид „идни планови“.
Јуриј Луценко, советник на украинскиот претседател Петро Порошенко, денеска на својот профил на Фејсбук објави дека Украина ќе добие воени советници и оружје од САД, Франција, Италија, Полска и Норвешка, согласно договорот кој е постигнат на самитот на НАТО во Велс.
– На самитот на НАТО е постигната согласност за помош од воени советници и снабдување со современо оружје од САД, Франција, Италија, Полска и Норвешка, напиша Литсенко на социјалната мрежа.
Тој не соопшти повеќе детали во врска со договорот, а украинскиот претседател кој присуствуваше на средбата во Велс не изјави дека Киев ќе добие воена помош.
Официјални претставници на НАТО истакнаа дека Алијансата нема да испраќа оружје во Украина, која не е дел од огранизацијата, но нејзините членки можат одделно да се одлучат за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


