Жена завршила во болница откако сосед ја застрелал по грешка во тетовско село Доброше. Неодговорниот сосед од непознати побуди откако видел мачка како минува крај ѕидот на соседната куќа, ја земал ловечката пушка и пукал да ја убие.
Но, мачката побегнала, а сачмите завршиле во нозете на соседката. Полицијата извршале увид и ја одзеле пушката која била со дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


